Поховано пилешко за двајца – совршен ручек за чаша вино

Поховано пилешко за двајца – совршен ручек за чаша вино

Направете вкусно пилешко месо со кое ќе го изненадите партнерот. Одлично оди со чаша вино.

Состојки:

  • 2 парчиња стек
  • 200 мл вода
  • 2 лажици путер
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 80 гр презла
  • 2 лажици пармезан
  • 2 лажици вегета
  • 1/2 лажица оригано
  • 2 лажици црвен пипер

Начин на подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги водата, вегетата, стопениот путер и ориганото. Нека зоврие, по што продолжете да варите уште неколку минути.
  2. На парчињата стек наредете ги кашкавалот и шунката, завиткајте ги во ролат и зацврстете со чечкалици.
  3. Така подготвени ставете ги во смесата во садот, па убаво поминете ги во претходно измешаните презла, пармезан и црвен пипер. Ставете ги на намачкана тава со маслиново масло да се печат во рерна.
  4. Се пече околу 45 минути на 200 степени.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО:  Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Pad Thai со пилешко