Летни шпагети – колоритна порција со неодолив вкус

Летни шпагети – колоритна порција со неодолив вкус

За сите љубители на италијанската кујна, ова е совршен рецепт за шпагети со супер вкусен сос кои ќе ви станат омилено јадење.

Состојки:

  • 350 гр шпагети
  • 1 конзерва туна
  • 300 гр домати
  • 100 гр кашкавал
  • сол
  • масло
  • бело вино за шмек
  • 1 главица кромид

Начин на подготовка:

  1. Во солена вода со малку масло ставете ги шпагетите да се варат според упатството на кесичката.
  2. На тава со масло ситно исечкајте кромид, па додадете ги доматите кои претходно сте ги исечкале на коцки. Откако сè ќе се издинста ставете малку вино за шмек.
  3. Кога сосот ќе згусне, додајте ја туната и мешајте.
  4. Исцедете ги шпагетите и ставете ги во чинија. Посипете со сосот, а додека е топло изрендајте го и кашкавалот за да се растопи.

Поврзани рецепти на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук