Десерт со јагоди и крем сирење

Десерт со јагоди и крем сирење

Совршен летен десерт за топлите денови кои ни претстојат.

Состојки:

  • 3/4 чаша безмасна павлака
  • 80 гр крем сирење (на собна температура)
  • 2,5 лажици шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • свежи јагоди

Начин на подготовка:

  1. Во сад за мешање ставете ги крем сирењето, павлаката, шеќерот, и екстрактот од ванила. Измешајте ја смесата со миксер се додека не стане хомогена и мека.
  2. Во стаклени чашки, наизменично во слоеви ставете ги јагодите и филот.
  3. Готовиот десерт оставете го во фрижидер да се излади се до послужување.

На здравје!

ФОТО: Delicatessen Tinex