Слатка ужинка: Тост со блок чоколадо

Слатка ужинка: Тост со блок чоколадо

Ова е слатка ужинка за која не ви се потребни ниту многу состојки, а и не одзема многу време. Интересна идеја која Марија Џонова и Билјана Дуковска ја „позајмиле“ од едни многу досетливи и креативни ученици.

Состојки:

  • тост лепчиња
  • малку путер
  • чоколадо блок табла на SwissLion

Тост со блок чоколадо 2

Начин на подготовка:

  1. Со путер убаво ги подмачкувате плотните на тостерот и го оставате да се загрее.
  2. Во меѓувреме ги подготвувате сендвичите: парчињата леб ги мачкате со путер од двете страни. Потоа на долното парче леб ставате претходно исечено на ленти блок чоколадо (или ставате 2-3 мали блок еурокрем чоколатца).
  3. Врз него го ставате и горното парче леб (исто так добро намачкано со путер) и го печете сендвичот. Доколку сакате тостот да биде покрцкав, го печете подолго. И, слаткиот тост е готов 🙂

Bon Appѐtit!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Сигурно не сте слушнале за овој рецепт но ќе ви стане омилен: Поховани банани

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Мафини од банани

Напиток кој заменува 100 стомачни

Ви здодеа од кафето? – Банана и кикиритки, нешто различно во кујната

Напиток кој го менува денот -Смути од кафе и банани

Вкусни чоколадни мафини