Пилешко со брокула – одличен специјалитет од Кинеската кујна

Пилешко со брокула – одличен специјалитет од Кинеската кујна

Готвењето ручек е вистинска уметност. Gotvi.mk за денес ви препорачува да подготвите вкусен и здрав ручек со пилешко и брокула.

Состојки:

  • 500 грама пилешки стек
  • сенф
  • бело вино
  • сол
  • зачини
  • 200 грама брокула
  • масло за готвење
  • 4 супени лажици соја сос

Начин на готвење:

  1. Исечете го пилешкото месо на парчиња и ставете го посебен сад со маринада составена од малку сенф, бело вино, сол, црн бибер и маслиново масло.
  2. Промешајте го месото и оставете го да отстои 30 тина минути во приготвената маринада.
  3. Потоа ставете го пилешкото месо во сад за готвење во кој ќе додадете малку вода, како и преостанатата маринада.
  4. Оставете го да се динста околу час и половина за да се свари месото.
  5. Во меѓувреме, во друг сад со вода ставете брокула исецкана на помали парчиња и оставете ја неколку минути да се свари на тивок оган.
  6. Откако ќе бидат готови пилешкото месо и брокулата, ставете ги во тавче со загреано масло да се пропржат заедно околу 10 тина минути.
  7. Пред да ги тргнете од огнот додадете 4 супени лажици соја сос и убаво промешајте.

Повеќе рецепти со пилешко месо тука

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО:  Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Pad Thai со пилешко

singlepost_text