Гулаш со тестенини – одличен ручек на вашата трпеза

Гулаш со тестенини – одличен ручек на вашата трпеза

Сите уживаме во вкусот на добро подготвен гулаш, а во комбинација со тестенини кои сите ги обожаваме, задоволството е уште поголемо 🙂

Состојки:

  • 500 гр јунешко месо
  • 500 гр макарони
  • 2 главици кромид
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • 500 мл говедска супа од коцка
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица буковец
  • сол
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото се става во тенџере, а во меѓувреме буковецот и солта ги мешаме во сад и ги додаваме во тенџерето. Ситно ги сечеме пиперката и кромидот, па ги додаваме во месото.
  2. Во друго тенџере ја ставаме супата со лукот и доматот да врие, па ја ставаме врз гулашот.
  3. Смесата се вари 3 часа, па се додава брашното и малку вода.
  4. Во друго тенџере со солена вода ставете ги тестенините. Откако ќе се сварат исцедете ги и ставете ги на чинија за сервирање како прилог.
  5. Откако ќе се свари гулашот и од него ставете во чинијата и декорирајте со ситно сецкан магдонос.

 Поврзани вести на Готви.мк

Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук