Бакнежи од кокос – десерт кој ќе ви стане омилен

Бакнежи од кокос – десерт кој ќе ви стане омилен

Направете вкусен десерт наречен Бакнежи од кокос. Ви требаат неколку состојки и малку време за совршени залчиња уживање.

Состојки:

  • 200 гр кокос
  • 4 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во еден сад со шеќерот и ванилиниот шеќер, и изматете, а потоа додадете го кокосот.
  2. Во друг сад ставете ги белките и потоа откако ќе ги изматите, додадете ги во смесата со кокосот и жолчките.
  3. Направете мали колачиња и ставете ги во тава со хартија.
  4. Печете 20 минути на температура од 150 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк

Чоколадна фантазија: Рецепт за познатите Моцарт кугли

Брз колач: Десерт готов за миг

Направете ја познатата Твикс торта со само три состојки

Чајни колачиња со мармалад

Ситни колачи – радост за сите генерации