Здрав појадок: 5 правила со кои ќе ослабете летово

Здрав појадок: 5 правила со кои ќе ослабете летово

Со овие 5 едноставни правила можете да го забрзате метаболизмот и да го забрзате процесот на слабеење.

Па ако мислевте денес да го прескокнете појадокот, размислете уште еднаш.

Внесете најмалку 8 грама влакна

Влакната ќе ве одржат сити и нема да посегнете по грицки сè до ручекот. Затоа важно е да консумирате житарки, тиква, круши, банани, портокал…

Појадувајте штом се разбудите

Искористете го потенцијалот на организмот за согорување на масти и јадете штом станете, односно најдоцна 1 час откако ќе се разбудите. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе ги избегнете нападите на глад.

Јадете протеини, а помалку шеќери

Слатката храна изгледа примамливо, но е погрешен избор. Наместо да бирате храна со повеќе калории која не ви дава енергија, консумирајте намирници полни со протеини како јајца и печива од брашно од цело зрно.

Грижете се за големината на порцијата

Појадокот треба да ве засити, не да ве прејаде. Сите нутриционисти препорачуваат околу 350 калории за појадок.

Никогаш не го прескокнувајте појадокот

Прескокнувањето на оброци е најлошото нешто што може да го направите кога се обидувате да ослабете. Ова посебно се однесува на појадокот, кој доколку не го внесете на време може да ви предизвика константна глад во текот на целиот ден.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Совршен појадок на маса: Солени мафини со спанаќ

Здрав старт: Појадок за неверојатни промени на организмот

Идеален појадок за викендот: Шарено смути за ден полн енергија

Со овој појадок нема грешка: Највкусните американски палачинки

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Полнети јајца – Вкусен појадок по едноставен рецепт

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

 

Преземено од Хајд Парк

singlepost_text