Специјалитет на денот:  Џигери во бело вино

Специјалитет на денот: Џигери во бело вино

Џигерите се одлично јадење и многумина од нас уживаат во нивниот вкус. Ви препорачуваме да ги направите со сос од бело вино ида уживате во пофалбите за одличниот ручек.

Состојки:

  • 500 гр свински џигери
  • 2 главици кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица вегета
  • 3 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • 150 гр свежи печурки
  • масло
  • бело вино

Начин на подготовка:

  1. Се сече џигерот на долги парчиња, па ги пржиме на тава со масло заедно со печурките, лукот и кромидот кои претходно ситно сме ги исечкале.
  2. Ставаме вегета во садот, па потоа и бело вино и оставаме да се динстаоколу триесетина минути.
  3. Брашното и павлаката се мешаат во сад настрана и со нив се полева џигерот кога се сервира во чинија.

Поврзани рецепти на Готви.Мк

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами