Протеинска бомба: Макарони со туна и павлака на вашето викенд мени

Протеинска бомба: Макарони со туна и павлака на вашето викенд мени

Има милион начини да се приготват тестенини, а овој сос ќе биде супер промена за љубителите на италијанската кујна.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 конзерва туна
  • 1 мала павлака за готвење
  • 500 гр макарони
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Се варат  макароните во солена вода според упатството на кесичката, а во меѓувреме во тава се пржат кромидот и лукчето кои претходно треба да бидат ситно сецкани.
  2. Се додава туната, а откако сè ќе се пропржи, се додава и павлаката за готвење.
  3. Откако се ќе се соедини, зачинете и посипајте ја смесата врз макароните.

Поврзани рецепти на Готви.мк

Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук