Како да сте во пицерија: Тајниот рецепт за тесто за фурнарини

Како да сте во пицерија: Тајниот рецепт за тесто за фурнарини

Ви нудиме одличен рецепт за тесто за домашни фурнарини кои ќе бидат како од ресторан

Состојки:

  • 250 мл топла вода
  • 2 лажици квасец
  • 2 лажици сол
  • 3 шолји брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

  1. Квасецот и медот се мешаат во сад со топлата вода и по петнаесетина минути се додаваат сол, масло, пола од брашното и се меша. Додавајте брашно постепено додека не го искористите цело, за да се добие меко, нелепливо тесто.
  2. Измесете го тестото и оставете го да нарасне па обликувајте тесто за фурнарини.
  3. Намачкајте го со путер и додадете додатоци по желба.
  4. Печете 10 минути на 250 степени.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами