Халкидики на плажа: Кафе од 3,5 евра, гиро од 2,5 евра

Халкидики на плажа: Кафе од 3,5 евра, гиро од 2,5 евра

Читатели на Готви.мк кои летуваат во Грција ни испраќаат свои искуства со цените на пијалаците и јадењето во Грција.

Дел од нив велат дека е прескапо, дел дека тоа се стандардни цени за на море, додека други велат дека не мора секој ден да се пие и јаде на плажа со што одморот станува буџетски полесен и поисплатлив.

Еве што ни праќаат тие:

Кафе 3,5 до 4 евра

На дел од плажите во оваа цена добивате и гратис мала флаширана вода, иако, како што ни пишуваат, тоа станува се поретко, а за водата се доплаќа уште 0,5 евра за 0,5л.

Исто така, на дел од плажите со нарачка на кафе или друг пијалак добивате и гратис лежалка со чадор. На некои плажи, лежалките и чадорите секако се наплаќаат, а цените се помеѓу 3 и 4 евра.

Гиро 2,5 – 3 евра

Доколку сакате додадок ѕаѕики се доплаќа помеѓу 0,20 и 0,50 евра.

Пиво – 4 евра

Што се однесува до контролите за внес на храна која не е вакуумирана или произведена во ЕУ, досега никој од нашите читатели се нема пожалено на никакви проблеми на македонско – грчката граница.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Дојран се подготвува за Д фестивал – Еве ги моменталните цени

Еспресо и кока кола 90 денари – Погледнете ги овие цени на плажа во Преспа

Викендов во Охрид на плажа – вода 40, еспресо 50 денари

Нес кафе 3,5 евра, тост 4 евра – Погледнете ги цените на оваа плажа кај Никити во Грција

ФОТО: 30 денари еспресо на плажа – Еве каде се овие цени

Тост 70 денари, пиво 80 денари – Е ова се добри цени на море!

Кафе и сок 60 денари – Оваа година одиме тука на море

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Читатели реагираат: Грција не е толку скапа за одмор! Еве ги цените

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?