Чоко кокос коцки – вистинско чоколадно уживање

Чоко кокос коцки – вистинско чоколадно уживање

Многу вкусен рецепт на Биљана која уште ги нарекува и кокосовки. Превкусни се, морате да ги направите и да го споделите овој рецепт.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 6 шолји шеќер
  • 4 шолји млеко
  • 8 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер

Начин на готвење:

  1. Состојките се матат со миксер додека не се добие компактна смеса.
  2. Ставете го во плех и потоа печете во загреана рерна на 180 степени да се пече околу 30 минути.
  3. Извадете го колачот и почекајте да се олади. Потоа пресечете го на еднакви коцки.

Состојки за чоколадниот фил:

  • 500 мл млеко
  • 1 маргарин
  • 15 лажици шеќер
  • 200 гр чоколадо

Начин на готвење:

  1. Ставете ги состојките во сад и оставете да зоврие. Оставете го минимално да се олади.
  2. Парчињата целосно ги потопуваме во чоколадниот фил.
  3. Одозгора посипуваме со кокос.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Чоколаден десерт готов за 20 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат

Брз рецепт за домашен чоколаден пудинг

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

ВИДЕО: Чоколадна топка со карамела и кикирики

Чоколадни топчиња што се топат во уста

singlepost_text