Чајни колачиња со мармалад

Чајни колачиња со мармалад

Направете колачиња со мармалад и шеќер во прав кои имаат одличен вкус.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 шолји шеќер
  • 2 шолји зејтин
  • 3 шолји гриз
  • 2 шолји брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќерот, а потоа се додаваат другите состојки. Матите додека да добиете компактна смеса.
  2. Се става да се пече во тавче на кое претходно сте ставиле хартија за печење.
  3. Исечете на парчиња со модли или мали чашки и секое од парчињата се мачка со мармалад, па убаво се поминува во шеќер во прав.

Добар апетит!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Пржена банана

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено