Охридски или не, и годинава црешите прескапи – Еве ги цените

Охридски или не, и годинава црешите прескапи – Еве ги цените

Како и минатата година, и оваа црешите спаѓаат меѓу најскапите производи кои можат да се купат на пазарите и во маркетите.

Екипа на Готви.мк денеска беше на Зелен пазар во центарот на Скопје да провери како се движат цените на црешите.

Најефтината цена за килограм цреши која ја забележавме беше 80 денари. Црешите се помали и шарени – дел со светло црвена, а дел со малку потемно црвена боја.

Малку поголеми и потемно црвени цреши се продаваат по цена од 100 денари за килограм.

Доколку, пак, саката да купите крупни, темно црвени или помеѓу народот познати како охридски цреши, ќе треба да одвоите дури 130 денари за килограм.

Ситуацијата е многу поразлична кај праските кои се продаваат по цена помеѓу 20 и 30 денари за килограм.

Сепак, друштво на цените на црешите традиционално и оваа година им прават кајсиите кои се продаваат најмалку 100 денари за килограм.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ако работите ноќе задолжително јадете цреши!

ВИДЕО: Како најбрзо се вадат семките од цреши и вишни?

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Еве како се движи цената на лубеницата во Скопје

ВИДЕО од кое ќе се воодушевите: Најлесен начин за да сервирате и јадете лубеница

Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје

ВИДЕО: Цел живот погрешно сме јаделе лубеница, погледнете како треба

Рецепт со кој ќе живеете здраво и ќе изгледате одлично

singlepost_text