Стапчиња од кашкавал – Идеална комбинација со омилените серии

Стапчиња од кашкавал – Идеална комбинација со омилените серии

Додека ја гледате омилената серија или филм, грицкајте вкусни стапчиња со кашкавал кои сами може да ги направите во кујната 🙂

Состојки:

  • 100 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 100 гр кашкавал
  • 1/2 лажичка чили
  • 1 жолчка
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ставете го брашното во сад, па путерот на коцки и мешајте додека не се соедини. Додајте го кашкавалот, чилито, малку  сол и бибер, како и други зачини по вкус.
  2. Се убаво измешајте и додадете ја жолчката. Повторно промешајте додека да добиете компактна смеса.
  3. Исукајте убаво и исечете стапчиња, па печете ги во плех или на хартија за печење 6-7 минути на температура од 200 степени.

 Поврзани вести на Gotvi.mk

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус