Мусака од леб – едноставен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Мусака од леб – едноставен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Направете вистински деликатес од стар леб кој го имате дома.

Состојки:

  • 1 бајат леб
  • 4 јајца
  • 200 мл павлака
  • 150 мл млеко
  • 200 мл јогурт
  • 250 гр шунка
  • 300 гр кашкавал
  • 1 лажица маргарин
  • домат
  • оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Лебот се сече на ленти, доматот на кругови, а во меѓувреме се варат јајцата, павлаката, млекото, јогуртот, ориганото додека да добиете компактна смеса. Додадете зачини по вкус.
  2. Земете плех, намачкајте го со малку маргарин или путер и редете го лебот, па потопете со смесата, потоа ставете од шунката, кашкавалот, па повторете.
  3. Остатокот од лебот ставете го најгоре.
  4. Печете на 200 степени додека лебот не зарумени.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Една поинаква мусака

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Плескавица во пица лепче со кајмак

Мусака на коцки

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо