Како од кујната на вашите мајки и баби: Топли кифлички со префинет вкус

Како од кујната на вашите мајки и баби: Топли кифлички со префинет вкус

Супер брзи и топли кифлички кои ќе го донесат мирисот од кујната на вашата мајка или баба во вашиот дом.

Состојки:

  • 500 гр брашно тип 500
  • 500 гр брашно тип 400
  • 500-600 мл млеко
  • 20 мл масло за готвење
  • 80 гр квасец
  • 1 јајце
  • сол
  • шеќер
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Одвојте 100 мл млеко кое ќе го измешате со квасецот и шеќерот.
  2. Оставете ги двата вида брашно во сад со малку сол, шеќер и масло, па потоа ставете го и квасецот кога ќе нарасне. Се мешајте додавајќи го топлото млеко
  3. Замесете тесто, оставете го да нарасне, а потоа поделете ја смесата и направете кифли
  4. Премачкајте ги со јајце и додадете сусам.
  5. Печете околу 15 минути на температура од 250 степени.

 Поврзани вести на Gotvi.mk

Топли кифлички кои се топат во уста

Домашни кифлички

Кој е за топли кифлички?

Млечни кифлички

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Свечена погача