Солени ролнички – идеални за пријатели и пиво

Солени ролнички – идеални за пријатели и пиво

Солените ролнички се идеално мезе за со пиво додека седите со пријатели во пријатен амбиент или пак, гледате некој спортски натпревар 🙂

Состојки:

  • 350 гр лазањи
  • 250 гр сирење
  • 240 гр спанак
  • 50 гр путер
  • 50 гр кашкавал
  • 1 чешне лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Сварете го спанакот, а откако ќе биде подготвен во блендер ставете го заедно со сирењето, лукот, путерот, солта и биберот.
  2. Откако сè ќе измешате, сварете ги тестенините, па исечете ги на мали ленти кои ќе ги полните со филот и свиткате во форма на ролнички.
  3. Најгоре ставете рендан кашкавал и ставете во рерна 10 минути на 200 степени.

Добар апетит!

 Поврзани вести на Gotvi.mk:

Која е тајната за совршени лазањи?

Пица лазањи

ВИДЕО: Рецепт за пица која не пече во рерна

3 брзи видео рецепти за пица

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Канелони болоњезе

Шпагети во бешамел сос – одлично мезе со фудбал и пиво