Денеска на мени: Похован сендвич со моцарела

Денеска на мени: Похован сендвич со моцарела

Направете еден поинаков сендвич од она што сте го пробале до сега. Похован сендвич со моцарела е супер рецепт за вас и вашите најмили.

Состојки:

  • 12 тост лепчиња
  • 200 гр моцарела
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка вегета
  • 200 гр презла
  • 300-400 мл масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги тост лепчињата и моцарелата на половинки.
  2. Ставете го моцарела сирењето на средина и преклопете, па сендвичот убаво поминете го во млеко, па ставете вегета и презла.
  3. Пржете во загреана тава со масло додека да не се испече од двете страни.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки