Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Од британската кујна, а по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Маре Јаневска ги издвојуваме ангиските погачици со чедар. Овој специјалитет беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 250 грама брашно
  • 40 грама путер
  • 80 грама сланина
  • 80 грама чедар кашкавал
  • 3 супени лажици павлака
  • 150 милилитри млеко (на собна температура)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 печиво
  • 2 страка млад кромид
  • 1 прстофат црвен пипер
  • 1 прстофат сенф во прав

Англиски погачици 2

За подготовка на ова јадење потребни ви се и: длабок сад, сукало, плех за печење и модла за сечење на погачиците.

Начин на подготовка:

  1. Сланината ја сечкате на коцкички, ја пропржувате на добро загреана тава 1 минута. Не ставајте масло во тавата. Откако ќе се испржи ја тргате настрана во сад.
  2. Чедар кашкавалот го рендате. Ги користите само перцата oд младиот кромид кои ги сечкате ситно.
  3. Брашното го мешате со путерот со помош на виљушка. Мешате се додека не се направи смесата како трошки. Потоа ги додавате шеќерот, солта и млекото и го замесувате сето заедно да се поврзе. На крај ги додавате сланината, младиот кромид, чедар кашкавалот, печивото, павлаката, црвениот пипер и сенфот во прав. Сето тоа заедно го замесувате на набрашнета површина.
  4. На набрашнета површина (не додавајте премногу брашно додека расукувате) од тестото расукувате кора со дебелина околу 1.5 см. Со помош на калап сечете погачици. Погачиците ги редите во плех обложен со хартија и ги премачкувате со млеко.
  5. Ги печете на претходно загреана рерна од 200 степени, печете се додека добијат златна боја на површината.

СОВЕТ: Најдобро е да ги конзумирате веднаш бидејќи брзо се сушат. Одлични се со пиво, а за деца со јогурт 🙂

Добар апетит!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“  во соработка со средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

14 Коментари

  1. Pingback: Салата која летово ќе ја правите секој ден – Gotvi.mk

  2. Pingback: Трик во кујната: Со салфета зачувајте ја салатата свежа – Gotvi.mk

  3. Pingback: Мали тајни на големите готвачи: Ова го нема во ниедна книга со рецепти – Gotvi.mk

  4. Pingback: Специјалитет на денот: Тортиљи со пилешко – Gotvi.mk

  5. Pingback: Сочно месо во тава: Телешко со зачини и бело вино – Gotvi.mk

  6. Pingback: ПРОБАЈТЕ НЕ Е СКАПО: Руски лек за детоксикација – Gotvi.mk

  7. Pingback: ДОМАШНОТО Е НАЈДОБРО: Направете сируп кој лечи кашлица! – Gotvi.mk

  8. Pingback: РУЧЕК ЗА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Поховани пилешки шницли (ВИДЕО) – Gotvi.mk

  9. Pingback: ВИДЕО: Како Американци прават ајвар и зелник – Gotvi.mk

  10. Pingback: ФОТО: Еве како Марк де Јонг го честиташе Денот на готвачите – Gotvi.mk

  11. Pingback: Цезар салатата се јаде низ целиот свет но ова сигурно не го знаевте! – Gotvi.mk

  12. Pingback: Дали стаклените чаши треба да стојат свртени надолу – кои се легло на бактерии? – Gotvi.mk

  13. Pingback: Акните ќе исчезнат како со магично стапче: Лекот го имате во кујната – Gotvi.mk

  14. Pingback: ИНТЕРЕСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Подгответе сончоглед салата – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*