Вкусна ручек идеја: Уштипци од тиквичка – топло ви ги препорачуваме

Вкусна ручек идеја: Уштипци од тиквичка – топло ви ги препорачуваме

Уштипците од тиквички може да ги сервирате и како предјадење и како главно јадење. Топло ви препорачуваме да ги пробате. Рецептот е едноставен и брз.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • сода бикарбона
  • сол
  • 2 јајца
  • 1 чаша топло млеко
  • 1 тиквички
  • ½  кесичка пармезан (20 грама)
  • 100 гр млечен намаз
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете ги сувите состојки и додајте ги пармезанот и млечниот намаз.
  2. Тиквичките изрендајте ги, добро исцедете ги и додадете ги во смесата. Варете ја со топлото млеко и оставете да отстои 20 минути.
  3. Формирајте уштипци од тестото.
  4. На загреана тава со масло пржете ги уштипците внимателно за да не загорат

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек

 

singlepost_text