Имате бајат леб дома? – наместо да го фрлите направете деликатес

Имате бајат леб дома? – наместо да го фрлите направете деликатес

Наместо да го фрлате лебот кој ќе отстои неколку денови, искористете го за да направите вистински деликатес

Состојки:

  • ½ кг леб
  • 2 шолји млеко
  • 2 тиквички
  • 1 бабура
  • 1 лук
  • 100 гр пршута
  • 5 јајца
  • 4 лажици кисела павлака
  • 100 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на коцки па полијте го со млекото и исцедете го по неколку минути.
  2. Изрендајте ги тиквичките и ситно исечете ги бабурата и лукот.
  3. На масло пропржете ги лукот и пиперката, додадете ја пршутата, па додајте ги тиквиците, бабурата и лукот. Зачинете по желба. Пржете околу 10 минути додека да добиете компактна смеса.
  4. Јајцата изматете ги, посолете ги и додадете ја павлаката
  5. Во тава ставете го лебот па смесата и јајцата со павлака. Печете на 180 степени околу 15 минути.

 Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Домашен леб со маслинки

singlepost_text