Затворена слаткарница во Скопје – јаделе слатки и се затруле

Затворена слаткарница во Скопје – јаделе слатки и се затруле

Маж и жена се затруле со слатки во слаткарница во скопската населба Драчево. Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тие по консумирање на слатките, биле хоспитализирани со симптоми како дијареја и повраќање.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  направиле увид,  наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и  упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Зошто никогаш не треба да правите чај во два пати зовриена вода?

Ослободете се од целулитот со облоги од оцет

ВИДЕО: Како да испржите сланина без да направите лом во кујна?

ВИДЕО: Како да испечете сланина во микро печка

Откриваме важни трикови во кујната: Еве како да готвите полесно и побрзо

Направете маска за лице со едно јајце

 

Преземено до Прес24