Ви остана лиснато тесто во кујната? – направете брз и вкусен десерт

Ви остана лиснато тесто во кујната? – направете брз и вкусен десерт

Доколку сте правеле некој специјалитет во кујната и ви останало лиснато тесто, тогаш употребете го за да приготвите супер вкусен и брз десерт.

Состојки:

  • 200 гр лиснато тесто
  • 6 лажици еурокрем
  • 6 лажици џем од јагоди
  • 6 лажици мелени ореви
  • 6 лажици мелена плазма
  • 1 јајце за премачкување
  • малку бела и црна чоколада

Начин на подготовка:

  1. Од тестото исечете триаголници со големина 10×10 см.
  2. На секој триаголник ставете лажица џем, па потоа еурокрем, лажица ореви и плазма.
  3. Краевите оставете ги без глазура, а намачкајте ги со малку вода
  4. На плех ставете хартија за печење, наредете ги триаголниците, секој од нив премачкајте го со јајце и печете 10 минути на 220 степени.
  5. Кога ќе ги извадите, ставете им малку од чоколадото кое ќе го растопите

Добар апетит! Се топат во уста!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Рози од јаболка

Вкусни чоколадни мафини

Класични благи мафини

Чоколадни мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

Мафини со 5 семиња

 

 

singlepost_text