Вкусна идеја за ручек овој петок: Пилешко во тава со сенф и јогурт

Вкусна идеја за ручек овој петок: Пилешко во тава со сенф и јогурт

Постојано правиме печено пиле, стек, пилешко во кари и други рецепти кои вклучуваат пилешко ме, но овој пат ви нудиме нова и интересна идеја за ручек – Пилешко во сенф и јогурт. Навистина вкусен деликатес, а потребно ви е само малку време за да го приготвите за две лица.

Состојки:

  • 300 гр пилешко филе
  • 1 обезмастен јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • малку сол
  • 1 мала лажичка куркума

Начин на подготовка:

  1.  Пилешкото исечете го на коцки и пржете го во тава околу пет минути.
  2. Повремено промешувајте за да се испече пилето еднакво од сите страни
  3. Додадете го јогуртот, како и солта, сенфот и куркумата. Сè убаво измешајте и пржете уште пет минути

Уживајте во вкусниот ручек кој одлично оди со вино!

 

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

Видео: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Полнет пилешки стек