Со овој појадок нема грешка: Највкусните американски палачинки

Со овој појадок нема грешка: Највкусните американски палачинки

Американските палачинки се вистински специјалитет со кој може да се насладувате. Ви го нудиме најдобриот рецепт за вкусни американски палачинки.

Состојки:

  • 1,5 чаши брашно
  • 3,5 лажици прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1,4 чаши млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажички растопен путер

Подготовка:

  1. Ставете го брашното во посебен сад и додадете ги прашокот за печиво, шеќерот и солта.
  2. На средината на смесата направете дупка каде ќе ги додадете млекото, јајцето и путерот.
  3. Матете додека не се соедини.
  4. Загрејте тава за палачинки и намачкајте ја со малку масло. Сипете од смесата.
  5. Печете од двете страни и сервирајте. Може да послужите со мармалад, крем или некој намаз по ваш избор.

 

Добар апетит! Совршен појадок за старт на денот!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Палачинки за гурмани

Заборавете како сте правеле палачинки – ви требаат само две состојки

Вкусни палачинки на кои никој не може да им одолее

Направете палачинки кои ќе можете да ги јадете неограничено

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Видео: Како да приготвите палачинки од компири

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки