Фереро бонбоните се неверојатно вкусни, но и „посолени“ во однос на цената споредено со другите бонбони и чоколади. Сега може да ги направите дома со малку намирници и без да потрошите многу пари. Еве како:
Состојки:
- 2оо гр лешник наполитанки
- 200 гр лешници
- 200 гр чоколаден крем
- 100 гр чоколадо
- 1 лажица масло
- 2 лажици млеко
Начин на подготовка:
- Наполитанките треба да се искршат и да се додадат заедно со лешниците и чоколадниот крем во сад. Замесете со рака.
- Направете бомбици и оставете ги 30 минути да се стврднат во фрижидер.
- Стопете го чоколадото со малку масло и млеко и прелијте ги бомбиците со оваа глазура.
Уживајте во залаците кои се топат во уста!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Супер десерт: леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Торта “Мрзелива домаќинка”: Смешно име, одличен вкус
Ледено уживање: Брз десерт во чаша
Се топат во уста: рецепт за чоколадни коцки Фантазија