Сигурно не сте пробале: Направете солени Рафаело бомбици

Сигурно не сте пробале: Направете солени Рафаело бомбици

Звучи неверојатно, но е вистинито. Пробајте да направите солени рафаело бомбици. Ние ви го откриваме рецептот:

Состојки:

  • 300 гр сирење
  • 100 мл павлака
  • 100 гр кикиритки маринирани
  • 150 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 40 гр пармезан

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечете ги кикиритките, сирењето и шунката, а кашкавалот изрендајте го.
  2. Сè ставете во сад и мешајте додека смесата да стане компактна. Ставете го садот во фрижидер додека смесата малку да се стврдне.
  3. Од смесата направете бомбици. Секоја од нив убаво поминете ја во сад со пармезан.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша