Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло

Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло

Цвеклото освен што е одлично за подготовка на свежа салата, може да го искористиме за да приготвиме супер вкусна чорба полна здравје.

Бидејќи цвеклото, освен што е здраво, е и евтино, ќе имате вкусен ручек за малку пари. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 кг цвекло
  • 1 главица кромид
  • 3 л говедска супа
  • 200 гр павлака
  • путер
  • сол
  • магдонос
  • други зачини по желба

Подготовка:

  1. Измијте го зеленчукот и оставете да се вари. Излупете го и испасирајте го цвеклото, а потоа во кашата ставете ја и супата. Додадете ја павлаката и малку путер.
  2. Посолете и декорирајте со магдонос.
  3. Во смесата може да додадете зачини и други билки по желба.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Домашен рецепт со кој нема повеќе да помислите на цвекло од тегла

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Богата посна трпеза

Витаминска салата A la amor 

singlepost_text