Изненадете го семејството со полнети запечени тиквички

Изненадете го семејството со полнети запечени тиквички

Тиквичките кои ги има во изобилство во летниот период, а се наоѓаат и по пристапна цена, можат да ви послужат да направите неверојатно вкусен ручек со кој ќе го соберете семејството и најблиските на трпеза.

Состојки:

  • 6 тиквички
  • 1 лажица маргарин
  • маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 450 грама доматен сос
  • магдонос
  • Зачини по желба
  • 250 грама рендано сирење
  • сол и црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките исечете ги и извадете го внатрешниот дел. Посолете ги и ставете малку од маслото во нив.
  2. Ставете ги да се печат ва претходно загреана рерна на 180 степени, околу дваесетина минути.
  3. На малку масло издинстајте ги лукот и кромидот, додадете маргарин, доматен сос, магдонос и смесата од тиквите. Додајте го и целото сирење и мешајте.
  4. Полнете ги тиквите со смесата и уште петнаесетина минути вратете ги во рерната.

Ви препорачуваме бело вино со овој деликатес. На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек