Се сеќавате на Попај Морнарот? Имаше право кога велеше да јадеме спанаќ

Се сеќавате на Попај Морнарот? Имаше право кога велеше да јадеме спанаќ

Спанаќот го има во сите маркети и на сите пазари, а мора да признаеме многу е здрав и затоа се препорачува почесто во исхраната. Не залудно Попај Морнарот велеше да се јаде спанаќ за да бидеме здрави и силни. Можеби е тоа само цртан и звучи смешно, но е вистинито.

Спанаќот помага за добра концентрација, ја подобрува крвта, и му помага на желудникот да ја свари подобро храната.

Изобилува со витамин Ц, К, Б, и други витамини и минерали неопходни за нашето здравје.

Со своите витамини, особено витаминот К, помага коските да бидат цврсти и здрави.

Може да правите салати со него, да го ставате во манџи или други јадења. За каков вид јадење и да се одлучите, спанакот ќе ви донесе полна чинија здравје.

НАПОМЕНА: Пред употреба убаво треба да се исчисти и измие.

Прочитај Gotvi.mk рецепти со спанаќ:

Пикантен омлет со спанаќ

Салата со белки и спанаќ

К’тмер со спанаќ и урда

Спанаќ со моцарела – ужинка која ве држи сити до ручек

Куглоф проја со спанаќ и семиња

Печен спанаќ со јајца

Пита со спанаќ