„Патлиџан туризам“ – Еве како поминале туристите викендов на грчката граница

„Патлиџан туризам“ – Еве како поминале туристите викендов на грчката граница

Голема фама се крена околу најавите дека грчките цариници вршеле детални контроли на граница, проверувајќи дали туристите внесуваат храна и пијалоци кои не се вакуумирани и не се произведени во земјите од ЕУ.

Gotvi.mk разговараше со десетина туристи кои изминатиот викенд се одлучија да го поминат на некоја од плажите во Грција. Сите кои ние ги прашавме ни кажаа дека немало зголемени контроли за внес на храна, пијалоци и акцизна стока и дека без поголеми проблеми ја поминале македонско – грчката граница.

Тие ни изјавија дека ги почитувале препораките и не носеле храна, но дека никој детално не ги проверувал нивните возила. Не можеа да потврдат дали е тоа поради гужвата која се создаде поради летната сезона и продолжениот викенд.

Gotvi.mk ве потсетува да бидете внимателни каква храна носите кога патувате во Грција бидејќи според законите на ЕУ, забранет е внес на секој прехранбен производ произведен надвор од ЕУ и не е вакумиран.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

ФОТО: Џејми Оливер чека петто дете

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

singlepost_text