Солени потпечени макарони – рецепт со бешамел сос

Солени потпечени макарони – рецепт со бешамел сос

Направете макарони на поинаков начин, полијте ги со одличен бешамел сос и уживајте. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 кесичка макарони
  • малку масло
  • 1/2 канче кисело млеко
  • 250 гр урда
  • 3 јајца

Состојки за бешамел:

  • 40 гр маргарин
  • 1 лажица брашно
  • 250 мл млеко
  • сол

Начин на готвење:

  1. Макароните се варат во зовриена вода според упатството на кесичката. Откако ќе бидат готови се ставаат во тавче за печење.
  2. Врз нив се реди урдата и јајцата помешани со киселото млеко.
  3. Се печат 10 минути температура од 200 степени.
  4. Во мегувреме направете го бешамелот. Ставете го путерот во длабока тава на оган да се растопи. Додајте го брашното и мешајте. Ставајте го млекото постепено и постојано мешајте за да не се создадат грутки. Посолете по желба. Мешајте додека да добиете смеса за бешамел или околу 10 минути.
  5. Откако ќе ја извадите тавата полејте со бешамел. Вратете да се пече уште 10 – 15 минути на температура од 200 степени.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Макарони болоњезе

Неодоливи посни макарони

Макарони салата

Макарони во бел сос

Макарони со сланина

Канелони болоњезе

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет

singlepost_text