Се топат во уста: Рецепт за чоколадни коцки „Фантазија“

Се топат во уста: Рецепт за чоколадни коцки „Фантазија“

Ви падна шеќерот и сакате нешто брзо и лесно? Направете чоколаден десерт кој не залудно го носи името Фантазија.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 20 гр шеќер
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 1 маргарин
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Жолчките изматете ги заедно со шеќерот, па додадете растопен маргарин, стопеното чоколадо, брашното и прашокот за пециво
  2. Изматете ги белките и потоа со лажица мешајќи додадете ги изматените белки.
  3. Ставете ги во плех за печење. Печете 40 минути на температура од 180 степени. По вкус можете да додадете ситно сечкани ореви.

ПРЕДЛОГ:

Кога ќе биде готов, колачот прелијте го со 3 децилитри ладно млеко.

Направете вкусен крем за горе од 1 литар слатка павлака и 400 гр чоколадо за готвење, така што ќе ги ставите на тивок оган и ќе мешате, но внимавајте да не зоврие. Потоа ставете го врз колачот.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text