Полнети јајца – Вкусен појадок по едноставен рецепт

Полнети јајца – Вкусен појадок по едноставен рецепт

Секој залак од овие јајца ќе биде уживање. Кога сте заедно со семејството за викендот или пред почеток на работниот и училишен ден, разбудете ги со деликатес во кој ќе уживаат 🙂

Состојки:

  • 10 јајца
  • 50 грама мајонез
  • 100 грама павлака
  • 100 грама кисели краставички
  • 100 грама шунка
  • сол
  • 1 лажиче сенф
  • црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги јајцата и оставете да се оладат. Пресечете ги на половина, а потоа од нив отстранете ги жолчките.
  2. Во сад на страна исечете ги шунката и киселите краставички на ситни коцки, па заедно со жолчките, павлаката и мајонезот убаво измешајте ги. Додадете сол, црн бибер, лажиче сенф, и зачини по ваш вкус.
  3. Во секоја од белките ставете од смесата и декорирајте со магдонос, па сервирајте..

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Дали некогаш сте виделе долги јајца? Нема да верувате како се прават

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Оваа декорација се прави за минута, а сите ќе ги воодушеви

ВИДЕО: Еве како да направите декоративна роза од домат за минута

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин

Фото: DeviantArt