Направете селска тава – одличен вкус со малку труд

Направете селска тава – одличен вкус со малку труд

Се подготвувате за ручек со семејството или сакате да изненадите некој за посебна прилика? Направете селска тава која сите ќе ги освои по овој рецепт.

Состојки:

  • 500 гр свинско месо
  • 300 гр чадено свинско месо
  • 300 гр свежи печурки шампињони
  • 1/2 кг исечкан кромид
  • 250 гр рендан кашкавал
  • 100 мл бело вино
  • 100 мл вода
  • сол
  • бибер

Начин на готвење:

  1. Месото се сече на парчиња и се пропржува во тава на врело масло за готвење, а откако ќе добие боја, го тргаме настрана. Маснотијата ја користиме да ги испржиме кромидот и печурките. Се ставаат сол, бибер и зачини по желба.
  2. Сè се ставаат во земјена тава, се налева вино и вода и се затвора со алуминиумска фолија или соодветен капак. Печете на 180 и 200 степени неколку часа, додека да биде приготвено според ваш вкус.
  3. Пред да го сервирате, одозгора изрендајте го кашкавалот и ставете го повторно во рерната да се пече, додека кашкавалот да фати кора.

Уживајте! Добар апетит 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Гнездо од компири со селско месо

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Печени шницли со зеленчук

Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења