Ви се најавија гости и се мислите што да спремите набрзина, а да биде вкусно? Тогаш овој рецепт е идеален за вас. Овој чоко мус е гаранција за добар вкус и убаво поминато време.
Состојки:
- 300 гр темно чоколадо
- 3 јајца
- 55 гр шеќер во прав
- 1 супена лажица какао
- 300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Чоколадото растопете го на тивок оган или пареа, а на страна изматете ги јајцата, шеќерот и какаото. Додајте го растопеното чоколадото и матите додека смесата да стане компактна.
- Направете ја глазурата. Изматете ја и павлаката, па полека додавајте ја во садот со чоколадо. Послужете во чаша и декорирајте по желба.
- Десертот мора да отстои во фрижидер пред да се послужи.
Поминете си убаво и на здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта