Похован кромид со кашкавал – идеално мезе со пиво

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе со пиво

Забава и дружење со пријателите, похован кромид и пиво…има ли подобро? Ви нудиме екстра уживање за летните ноќи.

Состојки:

  • 2 поголеми главици кромид
  • 3-4 парчиња кашкавал по ваш избор
  • 5 јајца
  • 2 чаши брашно
  • 2 чаши презла
  • масло и сос по желба

Начин на подготовка:

  1. Исечете прстени од исчистениот кромид. Кашкавалот исечкајте го на ленти и ставете го врз кромидот.
  2. Кромидот потоа оставете го еден час во фрижидер, а кога ќе го извадите, убаво поминете го во изматени јајца, брашно и презла.
  3. Повторете ја постапката уште еднаш, но овој пат само во јајца и лебни трошки.
  4. Пржете го кромидот во тавче со загреано масло за јадење.

Сервирајте и уживајте во долгите и забавни муабети 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус