Палачинки за гурмани

Палачинки за гурмани

Одличен специјалитет кој никого нема да остави рамнодушен. Ако ги направите кога ќе ви дојдат гости, со сигурност ќе ви го побараат рецептот 🙂

Состојки за палачинки:

  • 250 гр брашно
  • 100 мл млеко
  • 400 мл вода
  • 5 лажици масло
  • сол
  • масло за готвење

Од состојките со мешање направете смеса за палачинки. Испечете ги во тавче, секоја со малку масло за готвење.

Состојки за филот:

  • шунка
  • сланина
  • кулен
  • печеница
  • кашкавал
  • павлака

Начин на готвење:

  1. Сувомеснатите производи исецкајте ги на коцки. Пропржете ги кратко во тавче со малку масло за готвење.
  2. Во меѓувреме изрендајте го кашкавалот и ставете го во посебен сад.
  3. Секоја палачинка откако ќе ја извадите од тавчето додека е врела посипете ја по целата површина со рендан кашкавал и мешавината од четирите сувомесни производи.
  4. Свиткајте ја како на фотографијата. Истата процедура ја повторувате за секоја палачинка.
  5. Сите полнети палачинки ставете ги во сад за печење. Одозгора нанесете од ренданиот кашкавал.
  6. Ставете ги да се печат во загреана рерна додека да се стопи кашкавалот.
  7. Извадете ги од рерната и врз секоја палачинка нанесете малку кисела павлака.
  8. Сервирајте ги во посебен сад. Ние употребивме сувомесни производи од Пекабеско и павлака Пекабела.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки за 3 минути

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Рецепти со Пекабеско производи