ВИДЕО: Рецепт за потпечен полнет компир

ВИДЕО: Рецепт за потпечен полнет компир

Овие едноставни, а брзи специјалитети се одлични за секоја намена – за изненадување на домашнита со нешто вкусно, кога ви доаѓаат гости, кога сакате вие да пробате нешто ново и добро во кујната :-). Еве го рецептот на Ивана за потпечен полнет компир:

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 200 гр пршута и шунка
  • 250 мл павлака
  • 200 гр кашкавал
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Убаво измијте ги компирите и ставете ги да се варат околу 15 минути. Внимавајте да не се преварени, односно да не станат многу меки. Пресечете ги на половинки. Издлабете ги да бидат подготвени за полнење.
  2. Изрендајте го кашкавалот, а пршутата и шунката исечкајте ги на коцки. Павлаката ставете ја во длабод сад, а потоа во него додајте ги останатите состојки. Убаво измешајте додека смесата да стане компактна. Наполнете ги компирите.
  3. Ставете ги да се печат во веќе загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Секако, пред да ги извадите од рерна проверете со вилушка дали се целосно зготвени.

Повеќе детали погледнете во видеото:

На здравје!

За повеќе видеа со кулинарски трикови, рецепти и совети кликнете тука

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

ВИДЕО: Излупете компир за 5 секунди

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Каков добар рецепт – Домашен крцкав чипс (видео)

Пекабеско шунки дизајн

Еден Коментар

  1. Pingback: Ручек идеја: Компир со сланина – прсти да излижеш – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*