Природна лимонада од праски – веднаш ќе посакате да ја направите

Природна лимонада од праски – веднаш ќе посакате да ја направите

Можеби ќе ви звучи чудно, но навистина постои лимонада што се прави од праски. Вкусшност се прави како комбинација од свежи праски и лимони 🙂 Еве како:

Состојки:

  • 6 праски
  • кора од 3 лимона
  • 1,5 шолји шеќер
  • 6 шолји ладна вода
  • свежо цеден сок од 7 лимони

Начин на подготовка:

  1. Во сад за варење ставете ги иситнетите на коцки праски, кората од лимон, шеќерот и водата. Ставете го на ниска температура и не дозволувајте да врие, туку само да одржува топла температура.
  2. Кога ќе омекнат праските, малку згмечете ги со стискалка за пире за да пуштат повеќе сок, но немојте премногу. Оставете ги на оган додека не добиете компактна смеса.
  3. Исцедете ги лимоните. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади. Процедете низ цедалка и ставете го сокот од праска во бокал. Додадете го исцедениот лимон и уште 4 шолји вода. Измешајте и оставете го да се разлади, па потоа сервирајте го со мраз и парче лимон и праска, а може да додадете и ливчиња нане по вкус.

Повеќе детали погледнете во видеото:

За повеќе видеа со кулинарски трикови, рецепти и совети кликнете тука

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Оваа декорација се прави за минута, а сите ќе ги воодушеви

ВИДЕО: Еве како да направите декоративна роза од домат за минута

Вистинска кафе уметност – Како да направите фигури со лате пена?

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин