Домашен рецепт за ќофтиња од тиквички

Домашен рецепт за ќофтиња од тиквички

Зорица вели дека овие ќофтиња ги прави како мезе за гости или како лесна вечера за целото семејство. Ние го пробавме нејзиниот рецепт и резултатот е навистина вкусен 🙂

Состојки:

  • 1 поголема тиквичка
  • 2 моркова
  • 2 компира
  • 2 јајца
  • 6 супени лажици брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • магдонос по вкус
  • сол, црн бибер и други зачини по желба

Начин на готвење:

  1. Зеленчукот се ренда и се меша со останатите состојки додека се соедини смесата.
  2. Ги ставаме да се пржат на врел зејтин така што од смесата со супена лажица се зема ќофтето и се става во зејтинот да се испржи.
  3. Овие кофтиња се совршени да се послужат со сос од павлака.

Основната смеса по желба може да се смени и да се додадат сувомесни производи, праз, печурки, сирење, кашкавал итн.

Уживај во храната и готви со љубов!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек