Салата со нудли

Салата со нудли

Интересен вкус и салата која буквално може да биде замена за цел оброк. Еве го рецептот на Ана:

Состојки:

  • нудли
  • краставица
  • морков
  • соја сос
  • сол
  • бибер
  • балсамико оцет

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги нудлите да се варат во топла вода околу 5 минути.
  2. Во меѓувреме излупете ги краставицата и морковот и исечете ги на тенки ленти. Ставете ги во сад за сервирање и додајте им соја сос, сол и бибер по вкус.
  3. Кога нудлите ќе бидат готови, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Потоа додајте ги во садот со краставицата и морковот и промешајте ја салатата. Најодозгора, по желба можете да додадете и маслиново масло и балсамико оцет.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Веге нудли

Оризови нудли со зеленчук

Нудли со зеленчук

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Брзи макарони со зеленчук

ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Посно пире од зеленчук

singlepost_text