Слатко од јагоди – се прави сега, а се јаде цела година

Слатко од јагоди – се прави сега, а се јаде цела година

Сезоната на јагоди е на самиот крај. Најубавите и најблагите јагоди токму сега можат да се најдат на пазарите. Еве го рецептот на Мира и Зорица за вкусно слатко со кое ќе можете цела година да уживате во вкусот на јагодите 🙂

Состојки:

  • 5 кг јагоди
  • 6 кг шеќер

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги и измијте ги јагодите.
  2. Заедно со шеќерот ги ставате во голем сад од вечер да отстојат.
  3. Следниот ден ставете ги на јак оган да се варат додека не се згусне шербетот. Секако мешајте да не загорат.

Од оваа количина би требало да излезат помеѓу 7 и 8 тегли, во зависност од тоа колку се водлести јагодите.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти со јагоди:

Брз рецепт за чоколадни јагоди

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

Зелена салата со сирење и џем од јагоди

ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет