Нови правила во Грција: Казна од 150 евра ако носите свое пиење на плажа

Нови правила во Грција: Казна од 150 евра ако носите свое пиење на плажа

Планирате одмор летово? Тогаш треба да знаете дека ако направите некоја од овие работи ќе следат големи парични казни за вас.

Секоја земја си има свои закони за казнување на туристите на плажите, па затоа е добро да го прочитате ова ако планирате да одите во некоја од овие земји.

Во Шпанија ако оставите отворен чадор ќе си платите казна од 150 евра, во Хрватска доколку се занесете во страстите на плажа ќе платите и до 500 евра.

Оние кои сакаат да го посетат историскиот дел на Дубровник ако се облечени непрописно, односно во купаќи ќе платат казна од 150 евра.

Кај нашиот јужен сосед, Грција, доколку донесете пиење на плажа каде има мини-бар ќе платите од 80 до 150 евра казна. Грците се генерално либерални и ретко казнуваат, но тоа може да се случи и ако непрописно се паркирате.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Ќе патувате во Грција? – Внимавајте што носите преку граница зашто…

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

 

Преземено од Прес24