Крем супа од зеленчук

Крем супа од зеленчук

Оваа фантастична крем супа од зеленчук е приготвена по рецепт на Шеф Никола Мишковски од ресторан Камник, аза време на часовите по готвење во рамки на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 1 морков
  • 100 гр тиквици
  • 1 пиперка
  • 50 гр пченка
  • 50 гр грашок
  • 1 л вода
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • магдонос
  • 100 мл масло за јадење

За подготовка на ова јадење потребно е и длабоко тенџере, лажица за мешање, кутлача и длабок сад за сервирање.

Начин на подготовка:

  1. Го подготвувате зеленчукот: првин ги сечкате морковот, тиквицата и пиперката на коцкички (важно: кога правите супа од зеленчук, важно е сите зеленчуци да ги исечкате во приближно иста големина, за да се зготват рамномерно)
  2. Потоа загревате тенџере со масло за јадење. Откако добро ќе загрее првин го додавате морковот (бидејќи потребно му е најмногу време за обработка), потоа ги додавате пиперката и тиквицата и пропржувате додека не омекнат. Следно: ги додавате грашокот и пченката, промешувате и пропржувате 1 минута. Потоа го додавате брашното кое служи да се сврзат зеленчуците. Повторно промешувате.
  3. Во овој чекор во тенџерето додавате 1 литар вода. Откако ке почне да врие го додавате и млекото и го намалувате огнот. Варите на средна температура 20-тина минути.
  4. Зачинувате по вкус со сол и бибер.
  5. Вака приготвената крем супа од зеленчук ја сервирате во длабока чинија со ситно сечкан магдонос, бибер или лимон – изборот е ваш.

Добар апетит!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Таратур или ѕаѕики?

Салата со брокула која ќе ја правите секој ден

Сос од сенф и мед

Телешко месо во сос од буковка

Салата со рукола и пилешко

Полнети тиквици

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Цезар салата + 2 рецепти за дресинг сос