Брзо лепче со лук, буковец и маслиново масло

Брзо лепче со лук, буковец и маслиново масло

Одличен рецепт кој ни го испраќа Филип. Мирисот кој ќе доаѓа од кујната ќе биде магнет за сите да пробаат веднаш штом излезе од фурната 🙂

Состојки:

  • 550 гр брашно
  • 230 мл млака вода
  • 1 квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 120 гр маргарин
  • 1 лажица буковец
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици крупна сол
  • малку маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Во сад ставете ја млаката вода, додадете го брашното, солта, шеќерот и додадете го сувиот квасец.
  2. Оставете го тестото да нарасне околу 45 минути.
  3. Нараснатото тесто уште малку замесете го и поделете го на парчиња за лепиња. Ставете ги во плех за печење. Налејте маслиново масло на дното на плехот и на долниот дел од самото тесто и попрскајте со крупна сол и буковец.
  4. Во меѓувреме растопете ги маргаринот, додадете крупна сол, сечкан лук, буковец и убаво измешајте. Важно е смесата да биде многу густа. По вкус, доколку не постите, наместо маргарин може да употребите и путер.
  5. Печете на 220 степени во загреана рерна околу 30 минути. Пред самиот крај на печењето, секое лепче премачкајте го во еден дел со смесата и вратете во загреаната рерна додека убаво да се стврдне.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*