Таратур или ѕаѕики?

Таратур или ѕаѕики?

За кој вкус сте повеќе – за таратур или ѕаѕики? Кој е вашиот рецепт? Пишете ни коментар под статијата, па да размениме мислења и вкусни рецепти 🙂

А, ние, во меѓувреме, ви презентираме еден врвен рецепт на Шеф Никола Мишковски од ресторан Камник, подготвен за време на часовите по готвење во рамки на проектот Кулинари.

Состојки за 1 порција:

  • 400 мл кисело млеко
  • 100 гр краставици
  • 1 чешне лук
  • 2 гранчиња копар
  • 30 мл масло за јадење
  • сол и бибер по вкус

За подготовка на ова јадење потребно ви е длабок сад за мешање на салатата, длабока чинија за сервирање и лажица.

Начин на подготовка:

  1. Претходно измиената краставица не ја лупите, само ја сечкате на мали коцкички. Лукот и едно гранче од копарот ситно го сечкате.
  2. Во длабок сад го додавате киселото млеко, ги додавате и краставичките лукот, копарот, маслото за јадење, зачинувате со сол и бибер по вкус и промешувате. Не мешајте премногу за да не ја изгуби структурата киселото млеко и да стане течно.
  3. Сервирајте во длабока чинија, а декорирајте со гранче копар.

Добар апетит!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Салата со брокула која ќе ја правите секој ден

Сос од сенф и мед

Телешко месо во сос од буковка

Салата со рукола и пилешко

Полнети тиквици

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо