Една поинаква мусака

Една поинаква мусака

Ана е навистина инвентивна во кујната и секој рецепт кој ни го праќа е посебно вкусен и неодолив. Прочитајте го нејзиниот рецепт за една поинаква мусака…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 150 гр тестенини
  • 1 кромид
  • модар домат
  • 3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 салат краутер
  • босилок
  • салца или доматен сос
  • јајца

Начин на готвење:

  1. Во тава за печење наредете кругчиња модар домат. Исечете ги со средна големина.
  2. Месото пропржете го со сечканиот кромид, лукчето, ренданиот морков, сосот, ситно сечканиот босилок и сосот од домати. Зачинете по вкус.
  3. Кога ќе биде готова, смесата извадете ја и ставете ја во посебен сад.
  4. Во течноста која ќе ви остане ставете ги тестенините и вратете на оган додека не омекнат. Повремено промешувајте. Вратете ја смесата во садот со тестенините и промешајте додека не стане компактна.
  5. Посипајте ја во тавата за печење врз модриот домат. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
  6. Во меѓувреме изматете ги јајцата со рендано сирење или кашкавал по вкус. Количината на сирење или кашкавал одредете ја самите.
  7. Ставете ја рамномерно врз испечената мусака. Исклучете ја рерната и тавата оставете ја внатре додека да фати кора и порумени.
  8. Извадете ја тавата и оставете малку да се олади. Сервирајте го секое парче на двопек и сос по вкус (чили, сос од лук и кисело млеко или кисел благ сос).

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Плескавица во пица лепче со кајмак

Мусака на коцки

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо